Што нѐ прави постојано лути и постојано уморни

Порано трошевме работи и сакавме луѓе, денес е обратно

Велимир Сриќа

Да, живееме во креативни времиња.
Медицината напредна толку многу што практично ниту едно човечко суштество не е целосно здраво.
Државата е толку моќна што веќе никој не е слободен.
Околу нас владее демократија, што значи дека многу неспособни избираат неколку корумпирани.
Денес најдобриот спортист, актер или пејач заработува илјада пати повеќе од најдобриот учител, воспитувач или доктор.
Материјалното богатство е придружено со духовна празнина.
Градиме сè повисоки згради, а нашиот праг на толеранција е сè помал и помал.
Градовите се шират, а погледите кон светот се стеснуваат.
Купуваме повеќе работи, но помалку уживаме во нив.
Површината на становите во кои живеат сè повеќе самци се зголемува.
Семејствата се побогати, но двојките почесто се разведуваат.
Расте бројот на убави куќи и скршени домови.
Технолошкиот напредок ни заштедува време, кое го имаме сѐ помалку.
Научивме да брзаме и забораваме да чекаме трпеливо.
Расте бројот на експерти и нерешени проблеми.
Ние сме пообразовани, но не и помудри.
Знаеме повеќе, а помалку судиме.
Расте бројот на хумористичните серии и луѓето што боледуваат од депресија.
Постојано сме лути, постојано уморни.
Размислувањето пред книга го заменивме со вегетација пред екран.
Живееме подолго, но попразни.
Опкружени сме со брза храна и бавно варење.
Третина од човештвото умира од глад, а третина од морбидна дебелина.
Имаме стотици пријатели на Фејсбук и немаме вистински пријатели.
Расте бројот на високи луѓе и ситни души.
Често се караме, ретко сакаме, лесно мразиме.
Добриот вкус го замени шундот.
Масовната култура создава масовна хистерија и масовни убијци.
Посетуваме далечни планети и астероиди, но не ги познаваме нашите најблиски соседи.
Центарот на нашиот живот стана трговски центар.
Гордо јадеме „здрава храна“ и дозволуваме медиумите да ни го трујат духот.
Има сѐ повеќе информации, а вистинска комуникација сѐ помалку.
Ја знаеме цената на сè и вредноста на ништо.
Нѐ учат да заработуваме за живот, но не и да живееме.
Порано трошевме работи и сакавме луѓе, денес е обратно.