Велиш дека насловот на нашата денешна колумна, драг читателу, е екстремно радикален. Можеби. Но него го поставува Палестина, а ако гледаме што сè се случува во неа не можеме да ја обвиниме за тоа. Тоа е прашање за цивилизацијата што рано се извиши технолошки над преостанатиот свет, развивајќи го духот на науката до крајни граници, но, за жал, не да го сподели со него, туку да го завладее и материјално да го искористи истиот тој за своја егоистичка егзистенцијална среќа. Така, оти целата колонизаторска историја на Западната цивилизација децидно го потврдува тоа.
Прашањето за сликата на Западот како здружение на неговите моќни колонизаторски сили што го поставува сега Палестина, а во името на сите послаби, понижени и навредени, е целосно исправно поставено од гледна точка на нејзиното невидено страдање, кое го поддржува Империјата цврст пријател на Израел и аминувач на неговата агресија на Газа. Западот, кој својата империјална доминација со планетарен опфат ја најави во поново време уште со Хирошима и Нагасаки (во август 1945), кога експлодираа американските атомски бомби и се направи амалгамската врска меѓу Америка и западните европски сојузници победници над Хитлер, но притоа исклучувајќи ја од таа врска Русија, која, имено, со 27 милиони жртви го заби прва своето знаме на рајхстагот во Берлин. Останува прашањето дали пак нема да се случи тоа, како што стојат работите.
Но ние сме сега конкретно на Палестина. Израел има западна атомска бомба и сè уште не ја фрлил на Газа. Чека зелено светло од Вашингтон. Но сеедно. Уште полошо, неговите бомбардери дневно фрлаат илјадници бомби над таа намачена земја и народ, судбински многу сличен на Македонците, и прават пепел од неа. Да, а ти пак прашуваш, драг читателу, зошто овој пекол во кој катадневно се убиваат деца, жени и старци покрај на Израел му се припишува и на евроамериканскиот Запад. Едноставно, затоа што тој без многу двоумење му даде зелено светло на Израел за неговите ѕверства врз Палестинците, еднакви на оние што ги правеше Хитлер врз Евреите во неговите логори на смртта. Евреите, „избраниот народ“ на нивниот одмаздољубив („око за око, заб за заб“) старозаветен бог. Но човек мора да се запраша дали е навистина избран, гледајќи ги сега неговите ѕверства во Палестина. Па дури би се запрашале и дали Исус, кој беше распнат заради љубовта што ја проповедаше за спас на човекот, е Евреин од Давидовата лоза. Давид кому, патем, му се допаднала жената на неговиот генерал, па истиот тој го испратил во војна да биде убиен за да ја добие неа. Да. Оти Стариот завет е полн со слични темни еврејски истории и легенди во кои, освен кај пророците, отсуствува вистинската божја љубов, која подоцна ја проповедаше Исус, предаден, имено, од Евреите на римските војници да го распнат на Голгота.
Тоа е тоа, драг читателу. И никој не смее да ги брани со борба Палестинците, ни арапскиот свет што им е наклонет, а ни преостанатиот, кој се плаши, имајќи ги предвид Хирошима и Нагасаки, дека може да дојде до планетарна катастрофа. Во меѓувреме, пак, евроамериканскиот Запад за да го оттргне вниманието од геноцидот во Палестина има провидно алиби дека не Израел и тој, туку некој друг прави цивилизациско злосторство што го вознемирува светот. А, погаѓаш, драг читателу, кој би можел да биде тоа, од Западот „омилените“ Руси, кои водат војна со Украина. Да. Но руската со Украина и израелската со Палестина не е иста приказна. Разликата се гледа од авион. Војната во Украина е всушност подолго време со разработен план од Западот подготвувана и остварена како потенцијална катаклизма за судбината на светот. Оти добро е познато дека киевски Мајдан 2014-та беше подготвен и финансиран од американската амбасада во Киев. И по осум години од тој настан кога Русите беа доведени пред свршен чин почна „специјалната воена операција“ во Украина. А почна всушност, парадоксално (на сите им е познато тоа) војната меѓу Русија и западниот воен ѕвер со седум рога од Откровението на апостол Јован во последната книга на Библијата, НАТО. За жал, Украинците, кои заедно со Русите ни се браќа по род нам Македонците, беа перверзно жртвувани од страна на Западот во таа војна за свои егоистични цели, да се уништи Русија, а со тоа и словенскиот свет, план што по гасните комори со Евреите требаше да го реализира Хитлер. Неговото кодно име беше „Барбароса“. Можеби, најверојатно според терминот барбари (варвари). Да. И веќе ни НАТО не ја крие отворената вмешаност во руско-украинската војна, и не со добра мисла за среќата на Украинците. За жал. А својот западен влог во таа војна сега го потврди и Емануел Макрон со изјавата дека Франција наскоро ќе испрати во Украина свои војници. Доста дрско, но и непромислено и неинтелигентно од негова страна, покрај другото и затоа што ја заборавил воената историја на Французите со Русите. Заборавил како помина Наполеон во Русија.
Наполеон, кој триумфално ја запали напуштената Москва, спепелувајќи ја до темел, без да предвиди дека Русите како благодарност за тоа му ја оставиле (како и на Хитлер подоцна во Сталинград) нивната верна воена пријателка Зимата, чекајќи го во меѓувреме галскиот петел на Бородино. И тука завршува француската приказна на Наполеон со Русија, која сега сака да ја обнови или преповтори новиот француски Маркиз де Сад, Макрон, кој мисли дека и Русија е Македонија, па може да иѝ заглави околу вратот за да ја задави „француска рамка“.
Тоа. Палестинското прашање, драг читателу, во насловот на нашата колумна е за некого можеби навистина екстремно радикално. Да. Но него го поставува еден народ врз кој се врши целосен геноцид од страна на Тел Авив поддржан од Вашингтон и Брисел. Народ на кој катадневно му се убиваат децата што ги раѓаат неговите невести. А Достоевски вели дека и само една детска солза го доведува под сомнение постоењето на Бог, а камоли такво енормно варварско катадневно убиство на деца. И тоа, парадоксално, го прави „избраниот народ“ на Господ од кој на крајот се дистанцира Исус, кога му порача дека за него веќе се избрани и другите, и дека својот Израел ќе го составува од сите народи на светот, не само од ариевските Евреи, чиј ариевизам од нив го наследи арогантниот Запад, најмногу кај него Германците на Хитлер, кој во конкуренцијата ги ништеше нив. Како да се огледува во тој пример филозофијата на индуистичкиот кармизам. А резултатот на тој ариевски западен комплекс на „избран народ“ е колонизирањето од неговата страна на светот, почнувајќи од Јужна Америка (Маи, Инки, Ацтеки) сè до Австралија, Африка и пацификот на Азија. И тој западен апетит за доминација како планетарна империја, освојување и кражба на материјални богатства за своја бенефиција е присутен, драг читателу, и денес. На удар е дури и една моќна суперсила каква што е Русија што се спрострела врз Европа и Азија со огромни богатства и на земја и под земја. Да. Е па, ние се чудиме што навалиле Вашингтон и Брисел на малечката и целосно од никој незаштитена Македонија, која не е ни Русија, ни Кина, а ни онаа минорна Белгија, која најсурово ги опљачка дијамантите во Конго и ги изгради своите велелепни бриселски палати во кои се всели Европа со маската ЕУ.
При крај сме. Суетата на ариевскиот Запад ќе биде повредена, но прашањето во насловот на нашата колумна, драг читателу, што ја повредува со право го поставува Палестина кон која не само што е тој рамнодушен туку и не го принудува, а може, Израел да запре со невидените злосторства во неа. Да. Но тоа трауматично прашање – јанѕа можат исправно да го постават и Македонците, кои во фази повеќе од столетие ја доживуваат палестинската судбина, распарчувани од Европските големи сили и фрлани во пекол. Тука сè пред сè двете балкански, а потоа и Првата светска војна. Во Втората светска војна се боревме против фашизмот и извојувавме, иако како крваво торзо, постоење во сопствениот идентитет во рамките на Југославија. Но некој од Запад се сети дека не ни е доволно Голгота, па ги испрати во Егејска Македонија англиските пилоти со американски бомбардери и напалм-бомби да им ја исчистат од Македонци на Грците, кои сега јадат крвав леб од неа. И тоа беше новиот почеток на западниот фашизам обновен врз наш грб, само три години по победата над Хитлер. Но маките не престанаа тука ни по таканареченото наше осамостојување со распадот на Југославија. Од западни центри беше мотивиран албанскиот тероризам во 2001. Од нив беше и воено и логистички поддржан перверзно тој како наводна борба за човекови права, а терористите ги доведоа, наместо во Хаг, во Владата и парламентот на кревката македонска држава. Така беше, а потоа го смислија и идентитетскиот геноцид над Македонците со Преспанскиот, а сега и со бугарскиот договор вглобен во француската рамка на новиот француски Маркиз де Сад, Емануел Макрон. Така на еден мирен космополитски народ со богата културно-цивилизациска историја му е забрането да постои како автентичен идентитет. Па така, зарем нема и тој право како Палестина да го постави истото прашање за Западот, кој никогаш за нас не бил заштитник или пастир, како што е тоа за Грците и некои други до нас, туку секогаш бил глутница волци што го таманат нашето златно стадо. Метафорички, но прецизно речено, драг читателу. На Палестина што ја убиваат нема да ѝ го земат автентичниот идентитет, но нам ни го зедоа и им го дадоа на други како нивен историски имот. Ние пруживме слаб отпор. Речиси никаков. Но борбата допрва почнува.