- Да ви каже стар чичо една работа. Македонија може да понуди две работи – храна или криминал. Точка. Машини, авиони,
сателити – заборавете… немате пристап. Зошто го уништивте земјоделството – со векови го ранеше Балканот и пошироко? - Доаѓа Јул Бринер со седумте „величествени“ и го решава проблемот. Тоа ти е уставот на Холивуд – и на цел свет. Реалност е – доаѓа Вајмар – глад, болести и смрт, драги пријатели! А може и нов Хитлер (ако решат големите). Јул Бринер е враќање на легенда, социјализам – ама ние го презираме
Пред некое време кажавме дека сите претседатели од Европа, па и пошироко ќе отидат кај претседателот Трамп со песничка „Друже, Трамп, ми ти се извинујемо и улизујемо!“ А тој сега одговара „kiss my ass“ (КМА), што значи „бакни ми го …“, цензура, извинете. Така се сеќавам на еден каубојски филм, некои селани доаѓаат кај гринго и бараат пари, а тој вели КМА (значи од таму е речникот). Еден се буни и гринго вади пиштол. Доаѓа Јул Бринер со седумте „величествени“ и го решава проблемот. Тоа ти е уставот на Холивуд – и на цел свет. Реалност е – доаѓа Вајмар – глад, болести и смрт, драги пријатели! А може и нов Хитлер (ако решат големите). Јул Бринер е враќање на легенда, социјализам – ама ние го презираме. Демек станавме демократски револвераши. Така и нашиве паупери романтичари ќе добијат КМА верувајќи дека има друг метод. Само дасата Али знае што да понуди – шмрка или шлаканици – па, да биде господин човек.
Да ви каже стар чичо една работа. Македонија може да понуди две работи – храна или криминал. Точка. Машини, авиони, сателити – заборавете… немате пристап. Зошто го уништивте земјоделството – со векови го ранеше Балканот и пошироко?
Два фактора: 1) Тоа било „селјачко“, а ние големите цица-маци сме шизици, мангупи! 2) Дрога е поисплатливо – ама дрога-коцка-жени, органи… се фатални, ги шитка мафијата, заедно со полиција и политичари ајкули. Али и бандата ајкули го знаат тоа. Ти? – Губи се, во сандук си – КМА. Капитализмот е – ти создаваш пари, тој ти ги зема (такси, царини, камати, прекупци, вишок на вредност, „за одбрана“, медицина, инфлација…). Фамилија ќе немаш, лекување немаш. Разбираш? – КМА!
Како да имаш? Кога бев дете, иако бев силен ученик, моите ме тераа да копам и да знам земјоделство. Ама другарите и девојчињата ми се смееја: „Еј, Семи е селјак, од кмет – селјак, простак ќе станит – ај, бе доаѓај на диско“. Така го презрев земјоделството и денес плаќам храна неверојатно 10-20 пати поскапа од социјализмот. Европа тоне, драги мои. И вие! Раптус. Свртете се кон земјоделството (сега има секакви машини во Јапонија и Кина, а во Израел и компјутерски контроли) – имитирајте. Да, ама имате патлиџани од Албанија, грав од Авганистан, жито од Србија, ориз од… ве гази мафијата. Имајте инпут на пари (не од дрога), потоа штедете (како оние од Лихтенштајн и другде) – потоа инвестирајте. Измислете нов социјализам. За пари. За кумулација! Да да – вие сонувате за лесни пари… мајката. Е па, ете – Трамп ви вели КМА… или со други зборови – умрете од сиромаштија и дрога ако немате мозок!
Проф. д-р Самуел Колономос Садикарио