- Македонија е земја со многу добар народ, традиција, славна историја, култура и човечки потенцијали. Македонецот е херој на душата.
И позицијата и опозицијата ветуваат со душа, а бездушно не исполнуваат. Македонија е мајка на раното христијанство, славната антика и македонската ренесанса. Македонија е држава, а има народи што немаат држава. Македонија е обврска. Значи егзистенцијалност (прашање – „зошто“) и прагматичност („како“). Многу кажавме
Прашавме што со Македонија? Постконформизам, постмодернизам, постлиберокапитализам, параевропизам, културна дистопија, дисеуфорија, миграциска центрифугалност, а со УЧК-центрипеталност и псевдојугословенски конституционализам. Запомнете, без дијаспора нема Македонија – исто како што се Израел, Србија, Бугарија, Албанија… Зошто Македониумот и Куќата на Македонија во Крушево се страчари, а исто така велат и Пелинце? Наспроти тоа, Македонија е земја со многу добар народ, традиција, славна историја, култура и човечки потенцијали. Македонецот е херој на душата. И позицијата и опозицијата ветуваат со душа, а бездушно не исполнуваат. Македонија е мајка на раното христијанство, славната антика и македонската ренесанса. Македонија е држава, а има народи што немаат држава. Македонија е обврска. Значи егзистенцијалност (прашање – „зошто“) и прагматичност („како“). Многу кажавме. Само неколку рефлексии. Со промената на владата, што очекувате? Ммм, јас секогаш сум скептик. Градежништвото и МВР (значи и безбедност) тргнаа добро и, да кажеме како професор Адижес, само „go-go phase“. Образованието е „космос“ и бескрајност – тргна добро, но со „замор“. Фрчат критики. Недостигаат екипа, нови идеи, пари… помагајте! Неколку важни имиња што се занимаваат со математичко и АГИ-моделирање на образовниот систем (подетално другпат) се: Ричард Стоун (нобеловец-инпут-аутпут), Џорџ Данциг, Етан Молик, Аманда Бикерстаф, Сам Алтман, Дарио Амодеи итн. Читајте. Посебно влијание треба за наши ултраталенти како Македон и Мартина. Второ – здравството, многу тешко. Имам надеж од новиот министер. По мое размислување има два аспекта на здравството – репарација и напредок. 1) Во репарацијата министерот веќе даде неколку предлози – довршување на центрите во Штип и во Струмица и фармако-економски мерки. За репарации би ги додал Битола, Прилеп, Охрид и Куманово, кои се во жална состојба. 2) Во однос на унапредувањето – тоа е во зоната на „врвната медицина“. За Македонија поради многу фактори (социјални, економски, традиционални) мислам дека е важно да ѝ се даде акцент на државната врвна медицина плус државно поддржана приватна врвна медицина. Упростено – во игра се три фактори: идеи, пари и луѓе. За идејност – прво сѐ уште немаме стратегија за здравство (единствени во Европа). Пред 25 години дадовме еден модел (под водство на академиците Ефремов и Дејанов) и не се реализира. Второ – парите (финансии). По мене, од една третина до една половина од средствата за здравство да се дадат за врвната медицина. Трето – луѓе. Имаме врвни хирурзи и инвазивни кардиолози (и други), но секогаш треба уште и уште („go-go phase“).
Плус – секоја област да има своја стратегија усогласена со општата. Сестринство – уште одамна создадовме факултети, но имаме недостаток (проблем – ургентен). И на крајот – еден многу тежок проблем – научно истражување. Тешко е да се тркаме со големите сили, но должни сме. За две области мислам дека имаме одделни кадри – генетика и компјутери (кибернетика) – и за нив – „go-go-go“. Да не ги заборавиме превенцијата и „вулнерабилните групи“ – деца, жени, малигноми.
Понатаму, инпут на пари! Најголем инпут е земјоделството. Прво – да се ерадицира агромафијата. Без тоа – нѐ нема, нема! Увоз – никако! Само свое земјоделство – законски да се регулира. Да го имитираме Лихтенштајн, кој од земјоделство (на планини) направи банки и стана најбогата земја во светот. Банки имаме, но имаме и бандити! Мафија, мафија! Мавнете ги еднаш – „go-go“. Некни на емисијата „Заспиј ако можеш“ настапи младиот лекар и пратеник д-р Петар Марков, со многу убави идеи за здравството и земјоделството. Ве молам земете го него и други такви на позиции. Нов министер за правда е Јетон Шасивари. Добро е што е Албанец, бидејќи Албанците ќе го „буцкаат“ да биде експедитивен во законо-патот кон Европа, оти „нашиот“ беше нешто „немотивиран“ до скоро (велат негови сопартијци). Министерот за култура и написот – кажете вие! Никој да писне! А слобода на мислење – дали постои – ај писнете!
За другите ресори сум тотално некомпетентен да дискутирам, но како граѓанин чувствувам стагнација, а тоа и постојано го слушам од пријатели и граѓани. Како човек во години ви велам – Македонија е обврска, да ја чуваме како жив организам…. Ах, уште нешто: на 17 јули 2026 година на „Само вистина“ на Канал 5 господинот Весели отворено кажа дека во Тетово „..ако стават имиња на партизани – ќе стават имиња на балисти“. Срамно и ниско! Играме еротски рулет со убијци! Доста, доста! Зошто? Па, балистите – соработуваа со Хитлер и Химлер, Бринер, Ел Хусеини… Половина од мојата македонска фамилија е заклана од балистите на Џемо и Мефаил. Не сакам улица балистичка – не сакам, не сакам, не сакаааам… Може да стават имиња на честити албански или муслимански личности – поети, професори, глумци, академици…, а не кољачи нацистички – балисти или УЧК-клонови. Читајте ги Малковски, Ацо Филиповски, Бабановски, Поповски, Целетовиќ, Видачиќ, Богдановиќ, Џелатовиќ, Галијашевиќ и други. И нашиве политичари се балистофиличари – „Hirudinea amoris dominandi“! (Пијавици властољубиви.) Ако не сакаат партизани – нека не стават партизани, ги разбирам, знам и лично за некои суровости, потоа наши сталинисти, реваншисти, па и фашисти.
Нека бришат по нивно – но да не видиме балисти хитлеровци – гнаса, гнаса, гнасаааа! Срам и за нивните политичари и за нашите! Срам и ужас! Повторувам – УЧК и клоновите во 2001 година се ставени на црна листа од претседателот Буш и нема документ за отповикување („ОНА Паравојска“ Бабановски, 2025, дадена е и оригинална листа од ДИА). Интернет-извори велат дека УЧК е расформирана и сега се во регуларна војска. Значи – заштитена е од меѓународен суд, со уште подобро оружје и плата. Ни се смеат и нѐ плукаат.
Меѓународната состојба е морга. Учам од медиумите, а тие се трагедија за себе. Инструирани се. Социјалните мрежи, кои се замислени за длабоки и слободни информации – се ужас, мрак! Опасни се по безбедноста и животот и чувајте ги вашите деца – ќе биде полошо! Тие се „тактичко оружје“ со цел да се наметнат системи и да се разорат држави. За Средниот Исток, бидејќи сум заинтересиран (имам фамилија), собирам информации од „горе и долу“. Имав еден пријател од Израел во САД со некаков чуден синдром „Јанг-Хјуз“, кој измисли невројазик за роеви од дронови и антидронови за ДАРПА, па ми кажа за судири меѓу секуларните и религиските популации во Израел. Северен Израел е збришан од Хезболах, како што тие го бришат јужен Либан… А медиумите лажат и лажат – бесрамно, гнасно. За Иран и Хезболах се создаде мислење како да се „ангели на небото и богови“. Браво за медиумите! И службите опасно нѐ манипулираат. Службите прават „критични маси“ на еквисекуларизмот и еквиконфесијата. Иран е „еквиџихад-дансерка“, која ги збрлави еквисекуларните коцкари. Антисемитизмот е „еквибудалаштина“ на пансекуларизмот и панџихадизмот. За антисемитизмот, кој се качува до небото (во светот повеќе од кај нас), ајде да зборувам другпат. „Парцијалниот“ прекин на ЕУ со Израел е смешна борба на кокошки на врвот. Имам роднини во Франција каде што родителите се Евреи, а децата антисемити. Ете што прави пропагандата. Ако Хамас и Хезболах ви се милички-најмилички, што не си ги земете дома (како Франција и Шведска и другде), во фамилијата, па нека го прават тоа што вие не можете. Но една друга тема да отворам сега. Слушнав дека наесен ќе има збратимувања со Израел (Ерусалим, Тел Авив и други), а Израел ќе ја прави и Вардарската Долина. Одлично, фантастично ако е точно. Тоа значи релација не само со Израел туку и со Америка и Европа, како и врвни банки за кои секогаш зборувам (ако не ги одрпаат нашиве мафијаши). Ама една работа мојава стара идиотска тиква не може да сфати. Ете, не може! Како ние, кои сме вљубени до коска и до ДНК на мозокот и до небото во Иран, Хезболах, Хамас и слични – како сега ние ќе се збратимуваме со „клетиот“ Израел и „клетите“ Евреи (или чифутини како што мене ми набацуваат „пријателите“)? Ќе правиме „вардарски ционизам“? Ова не можам да го сфатам. Зар нашите „слатки-сакани-милички“ џихадисти нема да ни се налутат? Па, и џихадовљубените од ЕУ ќе ни се налутат. Па, и меѓународниот суд може да ни се налути што ги вреѓаме џихадистите. Што е епидемијата во Гостивар? Биолошка војна на Вардар! Може ли во иднина некој ирански дрон да налета накај нас како цел… ах, заборавив дека Грците ќе нѐ бранат. Да, да, разбирам, за интерес ги напушташ и љубовниците. Добро де, добро – интерес! Интересот е посладок од сексот (извини Фројд).
Накратко – во контекст на антиизраелизам, антисемитизам, филоџихад, епидемија, клептофилни политичари – правиме вардарско збратимување со Израел! Можеби нашиве од УЧК веднаш ќе се спојат со Мосад (а веќе се споени со други служби), па ќе им шиткаат дрога на војниците во Израел. Ај, бе, оставете го стариот чифут Самуел.
На меѓународен план – САД и Иран повторно разменуваат бомбардировки (денес е 20 јули 2026 година, Св. Недела). Веројатно ќе бидат епизодни напади – модуларен модел (центри – воени, енергетски, инфраструктурни и сл.) за разлика од порано спомнатата Панлеве мултиградиент стратегија – сега на јужниот дел од мореузот, а може и на север, но таму има многу нафта и опасно е. Хитлер ја гледал војната како уметност – архитектура (lattice structured war), Жуков како растечки свод – (црква). Сегашниот „модуларен“ е „калеидоскопска игра“ со АГИ (како Роберт Стернберг тест на креативност). Читај: Дарио Амадеи, Демис Хасабис, Роман Јамполски. Иран „симетрично“ враќа. За копнена инвазија по патот на Александар („Persian Gate“) или Џингис-хан (преку Аму Дариа река во Хорасан), или процепи од Турција или Ирак или тунел – немаат петља. Ќе се оди на исцрпување, фокално бомбардирање со поголеми осцилации на цените (нафта, гас, фертилизатори) – секако детерминирачки фактор ќе бидат логистиката (сите набавки) и инфлациските флуктуации. Ако трае – цените ќе растат и може да има „вештачки“ прекини. Ќе станеме посиромашни. Претседателот Трамп има цикцак-одлуки (како и неговиот потпис), но може да се анализираат „спектрално“ со АГИ. Кина е експоненцијален раст. ЕУ има свои патологии – вооружување, неонацизам, џихадизам, антипроширување, а АфД и РН напредуваат. Нашето влегување во ЕУ може да се актуализира ако војната ескалира. Отворени колосални прашања остануваат – нуклеарност, џихадистичките системи (Иран и прокси), енергија и нови оружја. Ќе зборуваме другпат.
Проф. д-р Самуел Садикарио Колономос
(Крај)
































