Фото: Ка.М.

Со отворањето на изложбата на маски од ученици од прилепските училишта, отворена во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, денеска започнаа активностите за годинашниот карневал Прочка 2024.
Околу 300 маски изработени од прилепските ученици се дел од изложбата, најголемиот дел традиционални.
Гран при наградата за најмаска му беше врачена на осмооделенецот Матеј Тодоров од ООУ „Блаже Конески” за неговото дело Прилепски тутунар.
Беа доделени и други награди, како и специјалната за детските градинки „Наша иднина“.
Активностите за карневалот продолжуваат утре со манифрстацијата „јамкање“ околу Градскиот саат, а главниот настан – дефилето со сите учесници е в недела напладне на плоштадот „Методија Андонов Ченто”. Ка.М.

Фото: Ка.М.
Фото: Ка.М.