Фото: Игор Бансколиев

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во врска со ставовите на претседателот Стево Пендаровски искажани во интервју во однос на амнестија и измените на КЗ потенцираше дека Пендаровски денеска мора да одговори кој тоа барал од него амнестија.

-Пендаровски веќе денеска мора да одговори кој тоа барал од него амнестија? Пендаровски вели дека бил цитирам „консултиран од некои актери на политичката сцена“ за амнестија, па затоа сега мора да биде прецизен и јасен, да наведе кој тоа од политиката го консултирал Пендаровски пред неколку месеци за амнестија? – рече Стоилковски.

Во врска со наводите изнесени на денешната прес – конференција на ВМРО – ДПМНЕ, Кабинетот на Претседателот на државата информира дека до претседателот Стево Пендаровски, во текот на оваа година, во два наврати, биле упатени предлози да размисли за помилување на одредени политичари или да поддржи донесување на закон за амнестија на актуелни и поранешни политичари.

-Тие предлози, преку посредници, до претседателот Пендаровски беа упатени од политички и безбедносни структури кои се блиски до актуелната опозиција, како и од поранешни политичари – се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски.