Фото: Ка.М

Тутунопроизводителите годинава ќе бидат задоволни од откупот на тутнот, бидејќи сме сериозен партнер. Го следиме процесот и ќе го кажеме нашиот став за субвенциите. Ова меѓу другото го изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, по посетата на откупниот пункт во Тутунскиот комбинат.

Според министерот Трипуновски, откупот на тутунот оди според предвидениот план.

Фото: Ка.М

– Иако законскиот рок за почетокот на откупот на тутунот е 15 декември, што е на прагот, сепак преземањето се врши и тутунарите го предаваат годинашниот род. Согласно податоците досега имаме откупени 1.400.000 килограми тутун со просечна цена од 374 денари. Околу 45 процент од откупените количества се исплатени. Земјоделскиот инспекторат е на терен и го следи откупот, а како Министерство за земјоделство сме во постојан контакт и со откупувачите и со Сојузот на тутунски здруженија и се надеваме по празниците интензитетот за откуп да се зголеми. Упатувам порака до тутунарите дека годинава ќе бидат задоволни од откупот на тутунот и од просечената цена која ќе биде повисока од лани – рече минситерот.

Од Земјоделскиот инспекторат велат дека отворени се 280 пунктови од пријавените 287.
– Откупот е без проблеми – рече Васе Анактиев, директор на Земјоделскиот инспекторат.

Од Сојузот на тутунски здруженија посочуваат дека деновиве е зголемена динамиката на откупот на тутунот, бидјеќи иам добро услови за манипулација на жолтото злато.
– Засега проценаката се врши во прва класа. Се уште бараме субвенцијата да изнесува 100 денари – рече Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Ка.М.