Фото: Министерство за одбрана

Заменик министерот за одбрана Тирон Јајага денеска остварил средба со својот бугарски колега Атанас Запријанов, кој е во посета на нашата земја во рамки на утрешната свечена церемонија за одбележување на 27-годишнината од формирањето на СЕДМ-иницијативата, 24 години од формирањето на Бригата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ и преземањето на претседателството со СЕДМ и промената на командантот на СЕЕБРИГ.

Заменик-министерот Јајага упатил благодарност до својот колега Запријанов за неговото претседателствување со Политичко – воениот управувачки комитет и Координативен комитет на СЕДM и потенцирал дека оваа регионална иницијатива покажува дека заедничките напори секогаш не прават посилни, посигурни и побезбедни.

– На средбата беше констатирано дека двете соседни земји ќе продолжат да ги користат сите можности за соработка како на билатерално, така и на регионално и мултилатерално ниво – се наведува во соопштението од МО.