Фото: МНР

Не Европа на повеќе нивоа, туку проширување со различни брзини. Вака на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, му била објаснета изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, во која тој проширувањето без реформа на ЕУ го нарече ризично и сугерираше дека треба да се размислува за Европа со повеќе брзини. Османи рече дека лично побарал од француската министерка за Европа, која беше со него на Бледскиот статешки форум во Словенија, да му каже што точно мисли Макрон под Европа во повеќе брзини.

-Јас имав состанок и ги прашав, буквално, зошто две контрадикторни изјави, наизглед, меѓу двајца важни лидери на Европската унија. Одговорот беше дека Макрон не мислел на слоеви, туку на брзини, буквално брзини. Дека ако Македонија е подготвена пред 2030, може да стане членка и пред 2030, дека нема анблок да влезат сите земји. Ако е така, јас верувам на француски министерка за Европа. Доколку нѐ демантира, тоа е друго прашање – вели Османи.

Османи иако добил вакво уверување од француски официјални претставници дека Франција не предлага некаков модел на создавање членките на ЕУ од прв и втор ред, денеска со став дека Македонија никогаш нема да прифати било каков друг модел на членство во Унијата освен полноправно.

-И они кажаа дека Макрон зборувал за брзини, во смисла дека нема да влезат сите наеднаш, туку во различни брзини, во зависност кој кога ќе биде подготвен, а не Европа во слоеви, во смисла привилегирани и помалку привилегирани, бидејќи ние да пирфатиме ништо помалку од попноправно членство во ЕУ – рече Османи.

Изјавата пак на Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, дека и ЕУ и земјите-кандидати треба да бидат подготвени за проширување до 2030 година, Османи денеска ја нарече историска, бидејќи Мишел тоа не го кажал во својство на приватно лице, туку како претставник на телото која ги носи политички одлуки во Европската унија, како што е проширувањето. За шефот на дипломатијата притоа разбирлив е воздржаниот став на Европската комисија за датумот кој го испорача Мишел за следното проширување, велејќи дека ингеренција на Комисијата е исполнувањето на критериумите за членство од земјите кандидати, а не носење на одлука за датум за проширување.