Ивана

На мојата внука Ивана
Мојата внука
Ивана,
везден пиши
три тетратки си
потроши,
„Тато, мама“ да
Напише.
Умна и бистра
Ива,
Сите букви ги
научи.
Сега бројки пише
Таа,
макар чудно тоа
звучи.
И да црта многу
сака,
на блокчето само
шара.
Разни птици црта
Ива
И штркчиња сред бара.
Ете деца,сега
каков талент Ива има
Дење-ноќе сал пишува:
Пролет, лето, есен зима.
Славеј
 На ридот во
 гората,
кај што ветре
 милно вее,
таму кај што
 извор шумоли,
Славеј пиле песна
пее.
Песна пее самовилска,
се распеала и
гората,
со песната на
славејот
се буди и
пролетта.
Песна деца, песна
ечи,
Тоа славеј в гора
пее
за пролетта и
децата
сите срца да ги
згрее.
Пролет
Си замина зимата
ни се врати
пролетта,
ластовичката
мила
повторно ни
долета.
Насекаде се
зелени,
нов живот се раѓа,
сончев светол
зрак
насекаде ни паѓа.
И славејот во
гората
се распеал ете,
да го чујат сите
и секое дете.
Пролет, пролет,
пролет е
чујте сега сите,
во раскошни бои
ќе ни бидат дните.