Во турскиот град Истанбул, од 9 до 12 мај ќе се одржи олимписки квалификациски турнир во борење, на кој ќе учествуваат и шестмина македонски репрезентативци, предводени од селекторот Бобан Данов. Во Истанбул својата шанса ќе ја бараат: Вероника Рјабоволова (до 53 кг), Владимир Егоров (до 57 кг), Бесир Алили (до 65 кг), Расул Шапиев (до 74 кг), Ахмат Могамедов (до 86 кг) и Магомедгаџи Нуров (до 97 кг), од кој последниот настапи и на последните ЛОИ во Токио.
Според пропозициите, на ова натпреварување директна норма за претстојните Летни олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024 ќе обезбедат финалистите, додека третопласираните ќе се борат повторно, а подобриот ќе обезбеди билет на ЛОИ, како третопласиран.
Како што е познато, Владимир Егоров беше блиску да обезбеди олимписка норма на европскиот квалификациски турнир во Баку, Азербејџан, каде што норма обезбедуваа само финалистите, но во полуфиналето минимално со 3-4 загуби од домашниот борач Алијабас Рзазде. Г.И.