Фото: Пиксабеј

Швајцарската влада денеска соопшти дека „во оваа фаза“ Русија не е поканета да учествува во разговорите за постигнување мировен договор меѓу Москва и Украина, што ќе се одржат во Швајцарија во средината на јуни.

-Швајцарија е убедена дека Русија треба да биде вклучена во овој процес – се вели во соопштението на владата во Берн.

Се додава дека мировниот процес без Русија е невозможен.