Фото: Нова Македонија

Собранието денеска, во рамки на 150. седница, го донесе Законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци – Штип и патната делница Кичево – Охрид.

Пратениците му дадоа „зелено светло“ и на Законот за изменување и дополнување на Законот за буџети, како и на Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик.

Сите закони беа донесени без расправа и по скратена постапка.