Екипите на ЈП „Улици и патишта“ продолжуваат со активности за реконструкција и санација на пешачките патеки во Градскиот парк, со вкупна површина од 18 илјади квадратни метри. Во рамките на овие активности, по налог од Град Скопје, некои од патеките целосно се реконструираат, се санираат оштетените патеки, а во некои делови се прават и нови патеки.
– Реконструкцијата на патеките се реализира фазно, а во моментов се работи во вториот дел на Градскиот парк, на потегот односно од крајот на зоолошката градина до лунапаркот, каде што се асфалтираат пешачки патеки на површина од околу 600 квадратни метри – информираат надлежните.
Град Скопје продолжува со активности за одржување на постојната инфраструктура и изградба на нови патеки за рекреација на граѓаните, како и на
нови зелени појаси низ населените места во Скопје.