На неодамнешната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, полициската станица од општината го презентираше извештајот за работа за 2022 година, со акцент на засилување на безбедноста на граѓаните.
Како што информираа општинските власти, договорено е полицијата и натаму активно да работи на зголемување на безбедносните мерки во Ѓорче Петров со засилен надзор на улиците во насока на намалување на сообраќајни незгоди, но и да се регулира проблемот со неправилно паркирање на возилата на повеќе локации, информираа од локалната самоуправа.
На седницата беше донесена одлука и за проширувањето на капацитетите во новата градинка „Сонце“ во Волково, што значи зголемување на првично планираната бројка на запишани дечиња, но истовремено и намалување на списоците на дечиња што чекаат за упис.