Фото: Маја Јаневска-Илиева

Отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ денеска ќе работат до 15 часот, катната гаража до 17 часот, а шалтерите за издавање договори во дирекцијата на претпријатието ќе работат до 15 часот, во согласност со одлуката на претпријатието.
На први јануари (сабота) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавањето договори во дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжат на трети јануари (понеделник) со вообичаено работно време.
За време на божиќните празници, на 6 и на 7 јануари (четврток и петок), сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе бидат бесплатни за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавањето договори во дирекцијата ќе продолжат на 8 јануари (сабота) со вообичаено работно време.
Депото на пајак-службата на ЈП ПОЦ ќе работи дваесет и четири часа за време на празниците.