Фото: Маја Јаневска-Илиева

Денеска на пладне во скопско Дебар Маало, пред муралот со неговиот лик беше одбележан роденденот на маестро Александар Џамбазов, еден од нашите најистакнати македонски композитори, диригенти и втемелувачи на македонската популарна и детска музика. Настанот беше во организација на општина Центар.

Голем број скопјани од сите генерации дојдоа да бидат дел од овој убав настан, а меѓу нив беа и некогашните златни салвејчиња, денес успешни жени во повеќе области, кои испејаа некои од најголемите хитови на „Златно славејче“, а еден од неговите основачи беше токму Александар Џамбазов.

Диригент беше Запро Запров, кој своевреме беше диригиент на славејчињата и на хорот „Развигорче“, а со жеснкиот младински хоир „25 Мај“ освои бројни награди во светот.

Тој истакна дека токму на ваков начин со почит и евоцирање спомени требаат да се чуваат од заборав македонските великани. На крајот на Игор му подари слика, која му ја посветил на својот колега и драг пријател.

Се разбира церемонијал мајстор беше популарниот мултиталентиран Игор Џамбазов, неговиот син, кој на почетокот ја испеа песничката за страшниот лав, на стихови на Васил Куновски, на музика на татко му, со која настапил на првото „Златно славејче“.

– Татко ми се жалеше дека секогаш тој ќе биде зет на Петре Прличко, сопруг на Анче и татко на Тања и Игор и ништо повеќе од тоа. А јас му велев: „Не е така, ти си маестро!“ – се потсети Игор Џамбазов на својот тратко.

Тој ја подвелече големата љубов на татко му за децата и за манифестацијата „Златно славејче“, која со многуте испеани хитови го збогати детството на повеќе генерации.

Убаво беше денеска да се видат насмеаните лица на баби, дедовци,родители и деце и да се слушне како сите заедно ги пееја големите хитови на овој фестивал, кој ете му одолева на времето и се уште трае. Межу нив беше и претседателот Стево Пендаровски со сопругата, покровител на „Златно славејче“.

Да се надеваме дека во иднинаа ќе се исполни големата желба на чичко Ацо, фестивалот да се одржува во живо, со оркестар, како некогаш, кога пееше заедно со хористите и солистите додека диригираше само за да биде сигурен дека нема да згрешат.

Ги слушнавме „Мојата учителка“, „Песна за Скопје“ и химната „За сите деца“, а „Еј гулаби, гулаби бели“, на текст на Глигор Поповски, како и пред многу години ја отпеа Билјана Дамјановска, која специјално за оваа прика дојде од Битола.

Покрај детските песни, Џамбазов пишувал и музика за филм и театарски претстави, а неговата композиција „Хумореска“ се изучува во нижите музичките училишта, а ја слушнавме и денеска.

Според градоначаникот на општина Центар, Горан Герасимовски, настанот има особена важност бидејќи се одржува токму на денот кога маетсрото ќе го пролсавеше својот 88. роденден.

-Како еден од најголемите автори и основачите на „Златно славјче“ маестро Џамбазов има големо значење за целата земја, не само за Скопје и за центарци.Се решивме прво да го разубавиме овој простор од Дебар Маало со еден мурал, во договор со неговиот син Игор – рече тој.

По повод роденденот на Александар Џамбазов, во Дебар Маало денеска се одржа и промоција на книгата „Чичко маестро Џамбаз – во светот на децата“, чии автори се познатите македонски музички публицисти Бранка Костиќ-Марковиќ, автор на воведниот текст и Марко Коловски, автор на нотографиите.

Ова издание претставува збирка на песни од маестро Александар Џамбазов. Изборот на композициите, кој опфаќа 52 песни за деца од предучилишна и училишна возраст, е направен од страна на самиот Џамбазов за време на неговиот живот.

-Песните издвоени во оваа збирка денес се детски евергрини за сите генарции, а изданието, според авторите, ќе биде и одлично дидактичко средство и извор на квалитетен, дополнителен материјал за одделенските и предметни анставници во реалзирањето на наставата по музичко образование – посочуваат авторите.

Насловот на збирката „Чичко мааестро Џабаз во светот на децата“, не е случаен, зашто сите славејчиња , поранешнби солисти на фестивалот „Златно славејче“ и хористите на детскиот хор „Развигорче“, кој беше редовна хорска придруба на фестивалот, во кој членуваше и Бранка Костиќ-Марковиќ, коавтор на книгата, Александар Џамбазов, од милост го нарекуваа чичко маестро Џамбаз. А тој, на шега ги нарекувал „златни гавранчиња“.

Да се надеваме дека со ова издание, детските песни и во иднина ќе предизвикуваат радост кај децата и ќе ни го разубавуваат секојдневието.

Маестро Александар Џамбазов почина пред две години на 86 години.