Најмладите жители на населбата Тафталиџе добија ново детско игралиште. Ова катче за децата го постави општината Карпош, на булеварот Партизански одреди, меѓу зградите 107 и 109, а теренот е опремен со сосема нови реквизити, клацкалки, лизгалки, лулашки, клупи и песок. Игралиштето сега е собиралиште за најмладите и место за игра и дружба во летниот период и заштитено е со ограда.

Од општината Карпош информираат дека оваа локална самоуправа изминативе месеци обновила и санирала и повеќе игралишта во различни населби. Надлежните велат дека имаат цел во општината Карпош да се создадат подобри услови и безбедни зони каде што најмладите ќе може да го минуваат своето слободно време.