Општина Бутел во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ од 26 до 27 јули ќе ја спроведе акцијата за собирање кабeст отпад.

Граѓаните што имаат кабeст отпад може да го изнесат пред своите домови, поточно пред влезните врати на нивните дворови за да може службите да го товарат и да го одложат во големите контејнери за отпад, што се поставени на следниве три локации: на улица Груица Војвода, зад киното „Бутел“, потоа на скверот на улиците Хо Ши Мин и Рудо и на првиот влез во Радишани кај спортската сала „Иван Хаџи Николов“.

Граѓаните што се подалеку од контејнерите може да ја искористат бесплатната услуга на општинските камиони и својот кабeст отпад да го остават пред своите порти во наведените два дена.