Под мотото и ние сме ѕвезда на европското небо, децата од градинката „11 Октомври“ вчера го прославија Денот на Европската Унија. На настанот учествуваа и децата од детскиот хор „Пиколо“. Покрај протоколарниот дел, децата, градоначалникот Велимир Смилевски и амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец, ја боеја фасадата на градинката. Целта на настанот е да го свртиме вниманието на меѓународната заедница за понатамошна соработка во насока на модернизирање на условите во градинката со менување на фасадата.
Впрочем, децата се нашата иднина и го заслужуваат тоа.