Белиот лав Чака од Франција пристигна во Зоолошката градина во Скопје. Тој ќе ѝ се придружи на лавицата Бела, која пристигна пред неколку денови од Ходенхаген, Германија.

Бела и Чака ќе живеат заедно во пространо живеалиште адаптирано за нивните потреби.

Во моментов во светот има околу 300 бели лавови, а најраспространети се во југозападниот дел на Јужна Африка во природниот резерват Санбона. Белите лавови се едни од најретките видови на светот и, за жал, се пред истребување во природата.