ЈП Водовод и канализација – Скопје, како јавно претпријатие е секогаш во служба на граѓаните и во служба на исполнување на потребите на своите корисници.
Во изминативе три години ЈП Водовод и канализаиција – Скопје, водејќи се од мотото „Секогаш најдоброто за Скопје“, ја насочи својата мисија кон поставување на нови стандарди во работните процеси и опшествено одговорното делување, менувајќи ја перцепцијата за оперативноста и делувањето на јавните претпријатија.
Имено, во текот на изминатите три години, ЈП Водовод и канализација – Скопје ги насочи работните активности кон подобрување и обнова на водоводната и канализациона мрежа и создавање услови за непречено водоснабдување и одведување на урбаните отпадни води за сите корисници. Во овој период се инвестираше во реконтрукција и изградба на нова водоводна мрежа во должина од 48.949 метри, фекално – канализациона мрежа во должина од 37.309 метри и атмосферско – канализациона мрежа во должина од 20.417 метри, во согласност со проектно – теничките документации и урбанистички планови. Зголемувањето на инвестициите се насочи кон сите сектори со цел подобрување на перформансите на претпријатието и следење на европските и светски трендови, стандарди, регулативи и директиви. Се обнови опремата во Секторот за санитарна контрола во согласност со потребите на акредитираните лаборатории според ИСО 17025, со што се унапредија процесите за изведување на хемиските и микробиолошките анализи за квалитетот на водата за пиење. Се обнови и прошири возниот парк, во поглед на механизација, машини, специјализирани возила и опрема, што резултираше со зголемена мобилност, ефективност и ефикасност. Преку спроведување на акции за наплата на заостанатите долгови без камата и на рати, се олеснија условите за исплата на долговите на голем број корисници.
ЈП Водовод и канализација – Скопје овој период го одбележа и со имплементација на процесите за дигитализација, придвижувајќи се чекор напред кон модернизација и зголемување на достапноста на своите услуги за корисниците. Со воведување на електронските сервиси, киосците за наплата и лансирањето на мобилната апликација достапна за Android и iOS, дигиталниот мониторинг на опрема и активности претпријатието влезе во ерата на новото време.
– Овој релативно краток период го одбележуваат многу значајни случувања, реализирани и отпочнати проекти. Добиената награда на Sustainability Awards 2020, во организација на Европската Банка за Обнова и Развој за еколошки- капиталниот проект Пречистителна Станица за отпадни води – Скопје, чија реализаиција претставува еволуција во третманот на отпадните води во нашата држава, е само уште една потврда за посветеноста, професионалноста, вложениот труд и јасно поставените стратешки цели. Особено сум горд на големиот број остварени соработки, проекти и покренати иницијативи со кои отвораме ново поглавје во примена на позитивни практики во полето на заштитата на животната средина и општествено одговорното делување.
Во овој период, станавме и првото јавно претпријатие кое започна со целосна употребува на еколошка биоразградлива хартија за печатење на сметките, реализиравме неколку кампањи за поткревање на јавната свест за заштита на водоснабдителниот, канализацискиот систем и животната средина воопшто, на наша иницијатива и во соработка со нашите пријатели. Соработката со нашите домашни и странски пријатели, дава резултат во проширување и размена на искуства и знаење, а соработката со Водовод – Будимпешта резултираше и со отпочнување на проект за намалување на загубите на вода и борба со климатските промени, чија реализација е овозможена со грант од WBGC. Внимание посветивме и на младите генерации, преку реализација на едукативни активности. Активно се вклучивме во поддршка на мисијата на СОС Детско село и хуманоста ја покажавме со дела – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Доказ за професионалниот пристап во изведба на работните активности е и потврдената сертификација и акредитација на имплементираните ISO стандарди: ISO 9001, HACCP, ISO 14001, ISO 17020 и ISO 17025.
– Оваа година тимски го истрчавме Скопскиот Маратон и тимски продолжуваме напред во исполнување на нашите цели, во пресретнување на потребите на нашите корисници во соработка со сите засегнати страни, мотивирани од постигнатите резултати, успеси и признанија во изминатите три години – заклучи Весковски.