Фотографијата „Мајмунчето Лука со банана“, на нашиот колега Горан Анастасовски, пред два месеца се најде во изборот на британскиот весник „Дејли мејл” на највесели фотографии од животни на последната деценија.
На втората фотографија е мајмунчето Лука деновиве во неговото „живеалиште” во битолската ЗОО.
Малечкото мајмунче Лука беше напуштено од својата мајка, па поради тоа, чуварите од Зоолошката градина во Скопје го зедоа под своја заштита и го опсипуваа со љубов и нега. И така, сѐ до денот кога го одведоа Лука во Битола.
Зоолошката градина Скопје нема да дозволи Лука да живее во такви услови и по секоја цена ќе инсистира Лука во најскоро време да се врати во Скопје, како што ни потврдија од скопската ЗОО.