Земјотрес со јачина од 3,9 степени според локална Рихтерова магнитуда е почувствуван во Скопје околу 14 часот. Земјотресот е регистриран на интернет-страницата на на Европскиот медитерански сеизмички центар (ЕМСЦ).
Првично беше објавено дека земјотресот бил со јачина од 3,4 степени, но подоцна беше направена корекција.
Епицентарот се наоѓал на девет километри североисточно од Скопје, на длабочина од еден километар, според обновените информации.