Зијадин Села/Фото: МИА / Архива

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во изјава за медиумите истакна дека ќе гласа за разрешување на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, фатмир Меџити и Азир Алиу.

-Да, дефинитивно го имаме мнозинството. Очекуваме да се спроведат одлуките на партиските органи. Донесовме одлука во Управниот совет, кој истовремено е и Кадровска Комисија на партијата и денеска мора да се спроведе она што тие го видоа како одлука на Алијансата за Албанците – рече Села.

На новинарско прашање дали очекува претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари да присуствува на утрешното партиско Собрание, Села потенцира дека го поканил уредно како и сите други членови на Централното Собрание.

-Го имам покането, како и секој друг член на Централното Собрание со јавна покана. Негова работа е дали ќе дојде или не. Местот му е да дојде таму – изјави Села.