Фото: Маја Јаневска-Илиева

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи денеска во изјава за медиумите истакна дека нема да гласа, како што рече, министрите на Зијадин Села.

-Јас вчера не реков дека не доаѓам во Скопје. Дојдов, но како што кажав, нема да гласам. Зијадин Села повеќе не заслужува да постои на политичката сцена, тој е обичен криминалец, измамник и нема причина сега да изразиме каење за неговите предлози – изјави Тачи.

Одговарајќи на новинарско прашање дали парламентарното мнозинство има доволно гласови за разрешување на министрите, Тачи рече дека ги имаат обезбедно потребните гласови.

-Тоа е нивен проблем. Мислам дека ги имаат гласовите.

Тачи и Села петходно беа сопартијци во ДПА, но настана раскол во партијата, по што Села реши да ја формира Алијанса за Албанците.