Негативниот природен прираст во Македонија продолжува и во првиот квартал од 2026 година, покажуваат најновите податоци на Државен завод за статистика.
Според статистиката, природниот прираст изнесува -1.962, што значи дека бројот на починати лица е за 1.962 поголем од бројот на живородени деца. Негативен природен прираст е регистриран во 66 општини низ државата.
Во првите три месеци од годинава се родени 3.380 деца, што претставува пад од 4,1 проценти во споредба со истиот период минатата година.
Истовремено, бројот на починати лица изнесува 5.342, односно е намален за еден процент во однос на првиот квартал лани. Меѓу починатите се евидентирани и девет доенчиња.

































