Фото: Игор Бансколиев

На Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква, кој се одржа од 14 до 20 Мај 2023 година во храмот Св. Сава, во Белград, помеѓу останатото, особено внимание е посветено на темата на конечното решавање на канонскиот статус на Архијереите на Православната Охридска Архиепископија (ПОА), во светлина на минатогодишната одлука на Светиот Архијерејски Синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство – и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалија – на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија – се вели во соопштението на СПЦ.

За таа цел, Соборот ја донесе одлуката за доделување на канонски отпуст на Јерархијата на оваа автономна Црква од страна на Српската Православна Црква и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската Православна Црква во склад со свештените канони и Уставите на нашите две помесни Цркви, како и со претходнопостигнатиот договор на Синодите на сите три црквени структури.