Американскиот универзитет на Европа – ФОН денескa за студентите од Факултетот за правни и политички науки и од Факултетот за детективи и безбедност организираше предавање на тема „Што значи руската инвазија на Украина за Западен Балкан: Не е толку лошо како што мислите“.

Предавач беше д-р. Крис Ноланд, професор и директор на магистерската програма за разузнавање и безбедносни студии на колеџот „Лебанон валеј“ од Пенсилванија, САД.
Во своето предавање, професорот Ноланд потенцираше дека иако светот во глобални рамки ќе се соочува со повисоки цени на нафтените деривати и со недостаток на храна, сепак руската инвазија на Украина ќе помогне да се забрза пристапот на земјите од Западен Балкан кон НАТО и ЕУ. Во овој контекст, Соединетите Американски Држави се усогласуваат со Европската Унија и повторно се ангажираат да се спречи дестабилизацијата на Западен Балкан, но и да се обезбеди позитивен пат напред на земјите од регионот, за нивна побрза интеграција во ЕУ и во НАТО.

-Соединетите Американски Држави во минатото посветуваа помалку внимание на Западен Балкан. На регионот не му се даваше приоритет со оглед на годините на хиперфокусирање на САД кон Азија и Кина. Во меѓувреме, политичкиот екстремизам во Западен Балкан е во пораст, особено на посредниците. Треба да сè има предвид дека во моментов слаби точки во регионот се Босна Херцеговина и Косово, каде лидерството на САД сега е најпотребно. За да го направи ова, САД мора да се ангажираат повеќе и да работат со Република Србија – истакна Крис Ноланд пред студентите на АУЕ – ФОН.

Според него, САД, но и светот во целина ќе мора да ја реконципираат безбедноста во смисла на хибридно војување и да посветат поголемо внимание на сајбер нападите, дезинформациите и операциите на влијание.

Професорот Крис Долан пред почетокот на предавањето оддржа и работен состанок со менаџментот на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, каде што споделија искуства за начините за подобрување на квалитетот на високото образование, при што се посочи можноста сите заинтересирани студенти и професори од Македонија да аплицираат за целосно стипендирање преку Фулбрајт програмата.
Инаку Долан е член на Одборот на Советот за светски прашања и на Здружението за надворешна политика и проектот за транзиција на Белата куќа. Негов фокус на интерес се американската национална безбедност, разузнавачка анализа, хибридна војна, сајбер безбедност, дезинформации и операции на влијание.

(Комерцијална објава)