НАТО Алијансата и Заедничката команда на здружени сили на НАТО во Брунсум со фотографии и видеа од македонските војници во заедничките операции, го честитаа 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Од официјалниот профил на НАТО на платформата Х (поранешен Твитер) објавена е фотографија од војници со развиорено македонско знаме. „Ретвитнете за да се придружите во прославувањето на Денот на независноста на нашиот сојузник“, пишува во објавата со фотографијата.