Фото: З.А.

Од почетокот на оваа недела комуналното претпријатие од Кичево, започна со зимското кастрење на стеблата што се засадени на тротоарите во градот изминатите години и децении.
Овој зафат кичевските комуналци го започнаа од средиштето на градот а потоа ќе продолжат со натамошно кастрење на уличните стебла во целиот град.

-За да им обезбедиме поубава крошна на уличните стебла во периодот на вегетација, деновиве започнавме со зимско кастрење. Овој зафат го започнавме од средиштето на Кичево каде работите се при самиот крај а, во текот на јануари ќе продолжиме со овој зафат на сите тротоари каде што се засадени вакви стебла. Покрај убавата крошна што ќе ја добијат во периодот на вегетација, со овој зафат овозможуваме стеблата со лисната маса да не ја попречуваат светлоста од уличното осветление а на тие улици на кои има и електрични водови, ја превенираме можноста нараснатите гранки да не допираат до електричните водови – вели Зенел Јонузи од ЈКП „Комуналец“. З.А.