Фото: З.А.

Со осветување на камен-темелникот означен е почетокот на изградбата на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Извор кичевско.

Претседателот на месната заедница Ристе Алексовски во своето обраќање им се заблагодари на сите верници, пријатели, соселани и помагатели, кои овозможија конечно и најмладото село во општината да добие црковен храм, а осветувањето на камен –темелникот го извршија четворица свештеници од Кичево.

Храмот ќе се протега на површина од 37 квадратни метри, а се очекува храмот за една година да биде целосно завршен.

Извор се наоѓа во близина на изворите на река Треска, на 14 километри од Кичево.

Поставувањето на камен темелникот за новата црква беше збогатено и со културно-уметничка програма во која зедоа учество КУД „Рацин“ Кичево, вокалните солисти Дарко Стојаноски, Дамјан Стојаноски и други. З.А.