Денес  во Прилеп во храмот „Св. Благовештение“ беше одбележан празникот Светите Три Светители (Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов), познат уште како „Денот на Бакалите“. 

Се одржа Божествена Литургија со која што чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски  г. Петар, а присуствуваа градоначалникот Борче Јовчески и претседателот на Советот Дејан Проданоски.

Бакалите, односно трговците и дуќанџиите од Прилеп велат дека овој ден се празнува уште од 1954 година и претставува традиција на прилепскиот еснаф којашто верно ја одржуваат низ годините. Годинашен домаќин, односно кум, беше Кирил Јандреоски. 

После црковната литургија на заедничка трпеза со дружба го одбележуваат патрониот празник во село Лениште на манастирот „Св.Петка“.

Ка.М.