Кирил Гегоски

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, при Советот на Општина Прилеп донесе oдлука за доделување на награди и признанија по повод „3-ти Ноември“ Денот на ослободувањето на Прилеп.

Со одлуката, наградата за животно дело – златна плакета му е доделена на ликовниот уметник Кирил Гегоски за животните достигнувања и афирмација на уметноста.

Награди-плакети по повод 3-ти Ноември се доделуваат на:

  • Њу Џенерејшн – здружение за модерни танци – за постигнати резултати во областа на танцот
  • Клуб за боречки спортови и рекреација „7-ми Мај“ – за достигнувања во областа на спортот
  • Шаховски клуб Прилеп – за постигнати успеси во шахот и афирмација на Прилеп.
    на Компанијата ГрабИТ ДООЕЛ – за особен придонес во развојот на ИТ технологијата и локалното стопанство
  • Тунинг кар шоу – спортско туристичка манифестација – за придонес во алтернативниот туризам и афирмација на Прилеп
  • Фото Кино Клубот Прилеп – за постигнати резултати во воспитувањето на млади таленти во областа на фотографијата и филмот

Награди-дипломи по повод 3-ти Ноември ќе им бидат доделуваат на:

  • Сузана Спиркоска – одделенски наставник – за особен придонес во реализацијата на образовниот процес
  • Весна Шеремткоска – автор – за особен придонес во развојот на литературното творештво
  • Душко Темелкоски – археолог, кустос – за особени постигнувања во областа на археологијата
  • Вања Ѓорѓиоски и Фросина Ацевска – за освоено 1 место на Светско финале на Меѓународен натпревар по англиски јазик – Хипо
  • Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески – ракометни судии – за особени достигнувања и афирмација на спортот
  • Менче Настоска Кадинец – доктор од областа на медицината – за особен придонес и унапредување на квалитетот на здравството во Прилеп
  • Мирослав Димитриески – доктор по земјоделски науки – за особен придонес во стручно-научната истражувачка работа.