Европската шампионка, битолчанката Оливера Наковска-Бикова, утрово пристигна од Норвешка, каде на Европското првенство во стрелање со воздушен пиштол, освои златен медал. Македонската параолимпијка Наковска-Бикова, го освои златниот медал на Европското парапрвенство (ЕП) во стрелаштво, во норвешкиот град Хамар, во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри.

На Меѓународниот аеродором во Скопје ја пречекаа, претставниците од Општина Битола, кои и посакаа топло добредојде, честитајќи и за постигнатиот успех и заблагодарувајќи и се за нејзината несебична посветеност, со која преку бројни спортски успеси ги промовира Битола и Македонија, во европски и светски рамки. М.М.

Злато за Оливера Наковска-Бикова