Со пригодна програма, со делење бурек со паричка, денеска во Прилеп на платото пред Градскиот саат, беше одбележан празникот света Василица.
Манифестацијата се одржа по трет пат во организација на општина Прилеп, која обезбеди 500 буреци од општествено одговорни компании. Притоа се делеше греано вино и чај.
– Традицијата е многу важна. Затоа ја организираме оваа уникатна и единствена манифестација – рече градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески.
Најсреќен беше Љупчо Трајкоски. кому му падна баричката и кој од општината доби пригоден подарок, и притоа им посака на прилепчани добро здравје, среќа и радост.
Ка.М.