Фото: М.М
Политичката пресметка помеѓу градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевсла се разгорува.
По донесувањето на Решението од страна на Државната комисија за одлучување во втор степен, во областа на Инспекцискиот надзор и прекршочната постапка со која што е усвоена жалбата на претседателката на Советот на Општина Битола Габриела Илиевска, против Решението на Државниот инспектор за локална самоуправа, денеска прес-конференција одржа претседателката на Советот, Габриела Илиевска.
-Градоначалникот Тони Коњановски треба да им се извини на сите советници и на сите граѓани на Битола, за сите лаги кои што тој ги има пласирано во врска со работата на Советот во јавноста во изминатите неколку месеци. По добивањето на Решението на второстепената комисија повеќе од јасно е дека овој Совет работи така како што налага законот и дека со Решението се уважува жалбата која што јас како претседател на Советот ја поднесов до второстепената комисија.
Јавноста треба да знае дека ребалансот на буџетот беше донесен од страна на сите советници едногласно. Не може да згреши претседателот на Совет, бидејќи одлуката не ја носам јас самата. Сега од нас се бара да носиме нов ребаланс. Се прашувам зошто да носиме нов ребланс кога ние ребаланс на буџетот имаме донесено и кој ги  содржи амандмани кои ги изгласале мнозинството советници. Станува се појасно дека законите, транспарентноста, роковите не значат ништо за оваа локална самоуправа. По кој знае кој пат ќе повторам дека Советот на Битола едногласно донесе ребаланс на буџетот и дека тоа значи и советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за тој ребаланс. Во него се вградени сите амандмани што ги преложија сите советнички групи. Никој во Советот не може да разбери според кои закони работи оваа локална самоуправа. Сите работи што им се должност не ги прават. Ако Општина Биотла е блокирана како што вели градоначалникот Коњановски, како тогаш се работи на повеќе локации- рече Габриела Илиевска и нагласи:
-Требаше да се формираат работни групи и тие групи требаше амандманите да ги вградат со потребните средства во рамката и така да ги пуштат во Министерството за финансии. До овој момент одлуки во Општина Битола носат двајца или тројца луѓе и сакаат тие нивни одлуки да ги гласа мнозинството во Советот и тие одлуки да ги наметнат како приоритетни за битолчани, рече претседателката н Советот, Габриела Илиевска.
М.М