Руралната жена е дискриминирана. Се сочува со родова нееднаквост и затоа е потребно итно дејствување за да се промени на подобро нејзината положба, велат од здружението „Лаг Агро Лидер“, кое денес во Прилеп одржа конференција на тема „Целите за одржлив развој во обезбедување на родова еднаквост, пристап до права и можности за жените од руралните средини”.

При тоа беше посочено дека треба итни измени во законот за здравствено осигурување за руралната жена да добие права од породилно отсуство. Правата за руралните жени денес ги поддржа и хероината на документарниот филм „Медена земја“ Атиџе Муратова.

Драгана Дрндаревска, правник и активиска во Мрежата за заштита од дискриминација алармира, бара да бидат примени од министерот за здравство за итно да се исправи уставната дискриминација на жените регистрирани земјоделки да ги добијат правата од породилното отсуство. Имаат подготвено предлог законски измени и ако има политичка волја, може брзо да се реши, а буџетот не треба да биде оправдување.

Околу 1.074 жени би требало да го стекнат правото на платено породилно отсуство како регистрирани индивидуални земјоделки.

Марина Тошеска од здружението „Лаг Агро Лидер“ вели дека ситуацијата на руралната жена е уште потешка со миграциите во урбаните средини и со родовата нерамноправност.

Се бараат и измени во Законот за работни односи за руралните жени да бидат еднакви со сите работнички во земјава. Ка.М.