Фото: Ка.М.

Заводот и музеј Прилеп во очи на 3 ноември – Денот на ослободувањето на градот, ги санира оштетувањата на Алејата на народните херои и Могилата на непобедените во Паркот на револуцијата, како и на споменикот Песјобрдце, каде што се водела битката за конечно ослободување на Прилеп во 1944 година. Целосно е обновена патеката пред Алејата на народните херои, сменети се уништените плочи.
Аурите пред криптата на Могилата на непобедените го добијаа стариот лик, а во криптата каде почиваат останките на борците се сменети скршените плочи, санирана е целосно патеката низ паркот, а целосно е реновиран и амфитеатарот.
Со средства од Министерството за култура саниранирани се оштетувањата и на споменикот на Песјобрдце, дело на скулпторот Бранко Конески, висок околу пет метри, изграден во 1978 година, а во чест на борците кои загинале при ослободувањето на Прилеп.

Фото: Ка.М.

Могилата на непобедените и Алејата на народните херои се споменик од прва категорија и затоа Завод и музеј Прилеп работи на проект за изработка и леење на пет бисти од народните херои кои во меѓувреме починаа, а тоа се Вера Ацева, Крсте Црвенкоски, Борко Темелкоски Лилјакот, Ѓоре Дамески – Боксерот и Атанас Забазноски – Руски, и се надеваат дека Министерството за култура ќе го одобри. Ка.М.