Фото: З.А

Денеска во попладневни часови на булеварот „Ослободување“, полициските службеници од ОВР-Кичево, го лишија од слобода лицето Р.Х.( 27) од Кичево. Тој се сомничи дека претходно во индустриската зона „Иванидол“ во близина на градот, запалил електричен кабел од што потоа избувнал пожар кој набрзо се проширил на површина од околу еден хектар.

-Од овој пожар повредени лица нема, на местото на опожарената површина интервенирала ТППЕ Кичево. По целосно документирање на случајот против Р.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава – информира портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димовски.

З.А