Со бројни манифестации и огномет, вечерва во Прилеп започнува одбележувањето на 81-годишната од почетокот на антифашистичката борба во 1941 година и 11 Октомври – Денот на вооруженото востание.

На прилепчани на плоштадот Александрија ќе им се обрати градоначалникот Борче Јовчески, по што од 19.45 часот ќе следува традиционалниот импровизиран напад на некогашниот Участок, денес Меморијален музеј 11 Октомври. Тоа е потсетување на денот кога пред 81 година со нападот извршен од тогашните групи на партизанскиот одред „Гоце Делчев“ е означен почетокот на антифашистичката борба во Втората светска војна. Потоа ќе следи програма во која со свој настап ќе се вклучат октетот „Прилеп“ и бендот „Peaches“.

И вечерва и утре на празникот, отворен за посетители ќе биде Меморијалниот музеј 11
Октомври велат од прилепскиот Завод и музеј. Во чест на празникот од 20 часот во Центарот за современа ликовна уметност ќе биде отворена изложбата на Зоран Кардула под наслов „Star Wars & Makedonium“.

Утре, бројни делегации ќе положат цвеќиња на споменикот на првиот претседател на
президиумот на АСНОМ Метоија Андонов Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифоски
Питу и на Могилата на непобедените . Во одбележувањето ќе се вклучи и делегација од
владата предводена од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Во рамките на одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание, во
центарот на Прилеп утре од 10 до 15 часот ќе се одржува автомобилско шоу. Ка.М.