Денеска започна изградбата на нова општа амбуланта во општинскиот центар Пласница. Амбулантата со заеднички средства ја градат Турската агенција за координација и соработка (ТИКА) и општина Пласница. Според најавите на првиот човек на општината, Алија Јаоски, изградбата на новата амбуланта треба да биде завршена за три месеци, по што Турската агенција вети и целосно опремување на амбулантата со нов инвентар и во која ќе се лекуваат околу 5.000 жители од општината.
– Изградбата на објектот ќе чини околу 9 милиони денари. 90 проценти од парите се обезбедени од ТИКА и 10 проценти од општина Пласница. Амбулатата ќе се протега на површина од 250 метри квадратни, а до крајот на оваа календарска година ќе биде ставена во употреба. ТИКА најави целосно опремување – истакна Јаоски.
Во новата амбуланта ќе бидат вработени двајца лекари од општа пракса , две медицински сестри и еден лаборант. З.А