По кусо боледување вчера на 79-годишна возраст во Битола почина проф. д-р Божидар Маслинков, поранешен ректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски” Битола.

Божидар Маслинко е роден на 18.12.1943 во Битола. По гимназиското образование се запишува на Природно-математичкиот факултет – Скопје (1966). Магистрира на Хемиско – технолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје (1983). Докторира на Хемиско – технолошкиот факултет во Загреб (1992).

Во 1999 година беше избран за ректор на Универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола(1999 –2003). Има објавено повеќе од 20 научни трудови во Македонија и странство. Се пензионира во 2009 год.

Посмртните останки на Божидар Маслинко ќе бидат погребани денеска на Буковските гробишта во Битола. М.М.