Фото: Општина Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски одржа работна средба со претставници на приватната установа за семејна заштита „СОС Детско село“, Жарко Трајков и Александра Мојсовска, на тема како да се зголеми бројот на згрижувачки семејства, во рамки на проектот „Унапредување на системски недостатоци – поддршка на реформите во системот за заштита на деца“.

Во Битола има само три згрижувачки семејства на деца.
Проектот има за цел да придонесе за реализација на стратегијата за деинституционализација, за што „СОС Детско село“ започнувајќи од почетокот на мај, ќе почне кампања за подигнување на свеста за значењето и бенефитите на програмата за згрижување на деца во рамки на која ќе се одржат настани од јавен карактер во 25 општини низ државата.
Градоначалникот Коњановски, изрази подготвеност за соработка на општината Битола со организаторите, со цел заеднички да се придонесе во обезбедувањето на подобри услови за децата кои имаат потреба да бидат згрижени.
Со оваа кампања се очекува да се постигне зголемување на бројот на потенцијални згрижувачи и креирање на достапна мрежа згрижувачки/роднински семејства не само во Битола, туку и низ целата држава.
М.М.