Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.
Токму во оваа позната мисла на Петре М.Андреевски е содржана сета симболика на шест децениското егзистирање, опстој и непокор на Битолски весник, битолскиот пиреј, како што многумина го нарекуваат.
Оваа порака беше испратена до присутните на одбележувањето на јубилејот 60 години од првиот број на Битолски весник.
Битолски весник својот дијамантски јубилеј, 60 години од првиот број го одбележа со бројни манифестации.
Најпрво во присуство на министерката за култура, Бисера Костадиновски- Стојчевска, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, првиот човек на АД ЕСМ Подружница „РЕК-Битола“, Пеце Матевски, ректорот на Универзитетот „Климент Охридски “, Игор Неделковски, почесните конзули, Калиопи Кривашија и Мики Андријашевиќ, пратеничката Силвана Ангелевска, советниците на Советот и брјни гости од политичкиот, општествени, културниот и јавниот живот на Битола се одржа свечена Академија, на која за јубилејот збороваше сопственикот и директор на Битолски весник, Менде Младеновски.
Тој во своето обраќање се задржа на значењет кое го има Битолски весник за информирањето на гражаните на Битола.
– Битолски весник во сите изминати шест децении од своето постоење, опстојал и останал простум, непокорно борејќи се против предизвиците на времето, храбро и достоинствено издржувајќи ги сите ветрометини, останувајќи доследен на себе и на сопствената цел – да биде весник на градот Битола, весник на битолчани. Битолски весник успешно се бори за својата слобода веќе шест децении. Тој остана свој и ничиј и покрај желбите на некои да го присвојат, опстана и покрај турбуленциите на времето, опстана и остана доследен на професионалните и новинарските стандарди, на борбата за слободата на изразувањето и покрај обидите на некои да го замолкнат па дури и да го укинат – истакна Младеновски и додаде:
– Секоја среда, уште од далечната 1964 година, вработените во Битолски весник, со истиот жар и ентузијазам, со истиот трепет, ја вајаат својата мисла со новинарското перо, давајќи и душа и оставајќи неизбришлива трага во безвременоста на времето
Како што пијанистот го свири своето уметничко дело во виртуозен занес, така и новинарите на Битолски весник секоја среда уште од далечната 1964 година ја отсвируваат својата композиција од зборови и мисли, музицирајќи неуморно на типките на тастатурата, оставајќи печат во безвременската димензија на зборот – рече Младеновски, кој притоа нагласи дека сегашната редакција на Битолски весник со натчовечки напори го одржа Весникот, кој не престана да излегува дури и тогаш кога сите вработени беа заразени од ковидот.
За Битолски весник едни велат дека е сведок и хроничар на градот, некои велат дека е колективна меморија на Битола, а многумина рекле дека тој е Светилник на битолското и македонскот новинарство.
Обраќајки им се на присутните директорката на Медија Прес ВМ, која е издавач на Битолски весник, Васка Младеновски истакна дека во наредниот период треба да се изнајдат начини и форми за одржливост на Весникот, кој е вистински бренд на Битола.
Во рамките на јубилејот, Битолски весник ги изложи сите 59 укоричени весници, кои зборуваат за богатата архива која ја поседува Весникот.
Инаку прославата на роденденот на Битолски весник започна со рециталот под наслов: „Битолски весник – нашиот пиреј“ што го подготви професорката по македонски јазик и литература Николина Поповска. Во истиот учествуваат Николина Поповска, Ерзинџан Алиловска, Марија Наумовска, Марјан Тасевски и Владко Симоновски. Прозниот текст е збогатен со стихови на Марија Младеновска – Димитровска, Радован П. Цветковски, Панде Манојлов и Илче Стојановски.
Пред тоа со едноминутно молчење им беше оддадена оддадена почит и благодарност на новинарите и вработените во Битолски весник, кои не го дочекаа јубилејот: Владо Ласковски, Тоде Ѓоревски, Доне Пановски, Владо Додовски, Спиро Мачески, Тохомир Груевски, Панде Манојлов, Стево Гаџовски, Стојан Дамјановски, Кирил Георгиевски-Ѓаолот, Костадин Петровски, Мише Нечевски, Никола Камшиковски, Мери Ангелевска, Вида Стоилова.
По обраќањето на директорот Менде Младеновски на заслужни поединци, институции и компании кои сите изминатит 60 години го помагале Битолски весник им беа врачени плакети.
Плакети добија: Општина Битола,проф. д-р Ѓорги Тоновски, АД ЕСМ, РЕК “Битола“, Синдикатот на РЕК Битола, Кромберг и Шуберт“, Прим. Д-р Таше Трпчевски, печатницата “ Киро Дандаро “ компанијата БИ МИЛК. претседателот на Управниот одбор на Славјанскиот Универзитет проф. д-р Јордан Ѓорчев,Националната библиотека Св. Климент Охридски, која ревносно се грижи за архивирањето на Битолски весник, Трифун Костовски да го прми признанито. Ванчо Чифлиганец, сопственик на Компанијата „Адора Инженеринг“ Здружението на новинари на Македонија, Асоцијацијата на печатени медуми на Македонија, уредничката на Битолски весник, Васка Младеновска, м-р Марија Младеновска Димитровска, техничкиот уредник Боро Никодиновски.
По повод јубилејот 60 години од првиот број, Битолски весник сними своја свечена песна. Текстот за песната го напиша, познатиот битолски текстописец Валентин Соклевски, музиката е на Николче Мицевски, а интерпретатори на песната се Сефедин Бајрамов, Ирена Митревска, Тина Мицевска, Христијан Тоневски и Трифун Костовски.
М.М