ЈКП „Комуналец’’ – Прилеп продолжува со чистење околу вештачкото езеро.
Денеска комуналците чистеа отпад, трње и шипови околу распаднатиот мотел, а
воедно се чистеше и рамнеше теренот на потегот под паркинг просторот од спортско-
рекретивниот комплекс „Езеро“.

– Со оглед на тоа што околината кај вештачкото езеро од секогаш се користи
како излетничко место, комуналците и во наредниот период етапно ќе продолжат со
чистење на околината, со цел, овој излетнички комплекс да добие врвна чистота, а
воедно да се создаде здрава животна средина – велат од ЈК „Комуналец“, од каде
апелираат граѓаните да ги користат контејнерите за отпад кои се поставени на неколку
локации, но и да ги користат корпите за отпадоци, како би помогнале во заложбата на
комуналците да постигнат врвна чистота околу вештачкото езеро. Ка.М.