Ова лето љубителите на СФ-филмовите ќе ја прослават 40-годишнината од омилениот класик „Вонземјанинот Е.Т.“, а една од ѕвездите на филмот, Дру Баримор (46), планира нешто посебно.
Актерка имаше само седум години кога ја глумеше Герти во култниот блокбастер, кој стана филм со најголема заработка на сите времиња во текот на неговото прикажување во кината во 1982 година.
Баримор во новото интервју за „Пипл“ откри дека планира посебна прослава со своите ќерки, седумгодишната Френки и деветгодишната Олив, а ќе им се придружи и режисерот на филмот, Стивен Спилберг.
„Е.Т.“ беше непосреден блокбастер уште од самиот почеток. Тој остана на врвот на боксофисот во првите шест недели и постави рекорд за 16 недели на местото број 1.