Завршена е изградбата на атмосферската канализација за селата Долно и Горно Агларци во должина од 600 метри, преку програмата за фосилни горива од Министерството за животна средина и просторно планирање.
– Денес направив увид во изградената атмосферска канализација во должина од 255
метри за Горно Агларци и 305 метри за Долно Агларци. Ваквите проекти се од особена
важност за жителите на нашата општина како превенција и заштита од поплави, имајќи
поредвид дека нашата општина и воопшто Пелагонија се подрачја кои се често склони на вакви несакани природни непогоди – рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
Вредноста на овие проекти изнесува 771.359 денари за Горно додека 926.506 денари за Долно Агларци. М.М.