Фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација

Повеќе од 20 дуќани со текстилна и друга стока изгореа во пожар што избувна рано утринава во трговски центар во Шуто Оризари. Нема повредени лица, а пожарот е целосно изгаснат, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, пожарот бил пријавен во СВР Скопје околу 3.20 часот. Опожарени биле над 20 дуќани, сопственост на С.С., кои биле дадени под закуп.

Во гаснењето интервенирала Бригадата за противпожарна заштита – Скопје.

Од Центарот за управување со кризи претходно информираа дека во интервенцијата учествувале 15 пожарникари со шест противпожарни возила. Екипите го гаснеле пожарот од 3.30 до 6.45 часот.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.