Бронзената биста на народниот херој „Мирко Милески-Урош“ поставена на постамент во гимназискиот двор во Кичево, поради забот на времето напукнала, и постои ризик да се распука или да се урне заедно со накосениот постамент, ако наскоро не се санира ова оштетување.
– Бистата на народниот херој „Мирко Милески“ поставена во училишниот двор пред шест децении, поради забот на времето и накосениот постамент е напукната во делот од черепот. Поради снегот, студот и мразот ова оштетување со тек на време ќе биде уште поголемо, а не се исклучува и можноста по извесен период бистата и да распука или да се сруши заедно со накосениот постамент, што е најдобра потврда дека работи и подлогата. И покрај блокираната сметка, сепак ќе вложиме дополнителен напор да обезбедиме средства бистата да се санира и повторно да се врати на постаментот, кој исто така треба да се стабилизира – најави Зоран Стојкоски, претседател на училишниот одбор. З.А.